Два случаи го закочија Металург во ЕХФ

Неисполнетите обврски кон словенечиот бек Александар Шпенде, а потоа и кон тренерот Зоран Кастратовиќ доведоа до моменталната ситуација, ЕХФ да го суспендира Металург. 



Европската ракометната федерација денеска и наложи на Ракометната федерација на Македонија суспензија на РК Металург и тоа извршна суспензија што веднаш стапува на сила. 

Два случаи биле на дневен ред во Виена. Првиот за словенечкиот ракометар Александар Шпенде кој го добил спорот со македонскиот клуб пред безмалку една година, а вториот случај во меѓувреме е со тренерот Зоран Кастратовиќ. 

Суспензијата од ЕХФ ќе биде тргната во моментот кога ќе бидат исплатени средствата за овие двајца побаратели на долгови од клубот. Временската рамка е проблемот за Металург, дали ќе стигне навреме да исплати или неиграњето во домашното првенство ќе му донесе поинаков тип на суспензија, односно автоматско исфрлање од натпреварувањето поради неодиграни натпревари. 

Одлуката била донесена на состанокот на Извршната Комисија на ЕХФ на 28 јануари, а денеска била испратена во РФМ за извршување. 



Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk