Ќе ја продолжи ли Металург сезоната?

Ќе ја продолжи ли Металург сезоната во македонската Супер лига? Клубот од Автокоманда доби одлука од Виена која покрај суспензијата на меѓународни натпреварувања се продолжува и на домашното првенство. Какви ќе бидат последиците за клубот, за ракометарите, тренери и други кои се уште имаат побарувања и воопшто како ова ќе се одрази на целиот македонскиот клупски ракомет доколку се разлизира црното сценарио.



Ветувањата, односно одлуката од Виена дека суспензијата на Металург ќе се однесува само на меѓународните натпреварувања со разумен рок до 1 јуни да ги расчиси долговите поради кои клубот е предмет  на суспензија денеска добија пресврт. 
Најавата од Виена дека РФМ ќе добие налог од ЕХФ да го суспендира Металург веднаш и на домашната сцена е реализирана. Клубот реагираше, се чекаше последното од ЕХФ, писмено. Конечно, одлуката е официјална. 

Металург требаше во 18:00 часот да го пречека Вардар на првиот меч од продолжението на сезоната, но овој меч нема да се одигра. Суспензијата од ЕХФ не значи и автоматско бришење на Металург од домашната сцена. Неиграње на натпревари од неоправдани причини води кон ифрлање од натпреварувањето, но постои можност да се добие повеќе на време. 

Можно сценарио што сега станува актуелно е и гаснење на клубот што се натпреварува во Супер лига. Металург и побара рок од ЕХФ до јуни затоа што во меѓувреме би можел да ги собере средствата потребни за расчистување на долговите и симнување на суспензијата. 
Но, сега кога е ставен пред свршен чин, тогаш најблиската варијанта е клубот да престане да се натпреварува.
Металург во последните сезони се бори со стари и нови долгови, расчистува каде може колку што може. Тоа се виде и по играчкиот кадар и резултатите, но остана определбата и ветувањата дека ќе бидат расчистени долговите колку и да е тоа сизифовска работа. 

Суспензијата веројатно ќе промени се и првиот клуб ќе оди во историја. Во таква ситуација, штетата ќе биде поголема и кон клубот и особено кон тие на кои им се должи, затоа што нема да им бидат исплатени побарувањата. 

Името Металург нема да згасне па и се да излезе против нив. Ако се реализира такво сценарио, наследник ќе биде Ракометната Академија Металург, екипата што се натпреварува во Прва лига, која ќе почне од почеток да го гради реномето што го имаше некогашниот шампион.
Празнината и симболиката на гаснењето на клубот што беше еден од симболите на македонскиот ракомет, сепак, се голем удар за македонскиот клупски ракомет. Без разлика на ситуацијата во која клубот беше во последните неколку година. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk