Нема Европа за Металург, додека не расчисти долгови

Металург нема да има право да игра во Европа додека не ги расчисти долговите, е потврдено на состанокот на Извршната Комисија на ЕХФ која вообичаено се состановува на последниот викенд на Европското првенство. 



Металург имаше долгувања од 50.000 евра на почетокот на сезоната кога одлучи да не игра во Европа сезонава, иако според ланскиот резултат во домашното првенство, имаше право. 
Следната сезона нема да доби дозвола додека не ги расчисти долговите, суспензијата е потврдена на состанокот на Извршната комисија. 

„На состанокот на маргините на ЕХФ се одржа и редовниот состанок на Executive Committe na EHF, на кој повторно тема беа долгувањата на Вардар и Металург.
Долгогодишните отсуства од ракометните собирања на Претседателите на Клубови, наталожените проблеми во последниве 10 години, се обидувам и се уште успевам да ги менаџирам со редовните присуства на состаноците, на кои стекнав многу пријатели, кои ни помогнаа и овој пат да не застанеме, односно да продолжиме со домашното првенство оваа и наредна година, во кој период ќе најдеме начин да ги средиме моменталните проблеми.
Секогаш има начин, ина волја и храброст да продолжиме. Можеби по потешкиот пат, но продолжуваме“, изјави претседателот на Металург, Зорица Блажевска. 

Металург според резултатите во домашното првенство, тешко дека годинава ќе стигне до Плеј оф, а со тоа и до евентуален излез во Европа. 
Прашањето е дали одново ќе има и случај со Вардар, кому лани му беа побарани 1 милион евра. Тогаш успешно  се изменаџира ситуацијата и „црвено-црните“ добија дозвола за настап во ЛШ, но дали е се комплетно расчистено или повторно ќе им случај, ќе дознаеме кога ќе се прават списоците за ЛШ следната сезона. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk