Репрезентативното крило на кадетскиот тим, Александар Петковски ќе остане ракометар на Металург и во пролетниот дел на сезоната.
Регистрациската комисија на РФМ го разгледа барањето на ракометарот Александар Петковски за раскин на договорот со РК Металург поради неисполнети обврски.
Комисијата го одби барањето на ракометарот, откако по доставените документи од клубот било утврдено дека клубот ги исполнил обврските за дадениот период и следствено барањето нема основ.
Репрезентативното крило на кадетскиот тим на Македонија, ќе остане ракометар на Металург и во продолжението на сезоната.