Исланд посилен за Палмарсон, Елисон и Јонсон

Три врвени имиња се враќаат во составот на Исланд денеска. Ако успее Исланд да влезе во полуфинале... ќе биде весел ракометен викенд



Омар Инги Магнусон и Виго Кристијансон заедно со целиот колектив на Исланд не издржаа до крај во мисијата полуфинале и денеска ќе зависат од исходот на мечот меѓу Данска и Франција. 
Но, зато за нивната средба со Црна Гора во составот ќе имаат три засилувања кои беа позитивни на Ковид и мораа на ТВ да ги гледаат своите соиграчи досега. 

Арон Палмарсон се враќа во составот на Исланд, а покрај него доаѓа и вториот стрелец во Бундес лигата, Бјарки Мар Елисон. Елисон всушност не е втор, туку е на делба на првото место на листата на стрелци во Бундес лигата, заедно со Никлас Екберг од Шведска, двјцата имаат по 116 гола сезонава. Третиот играч е Елвар Јонсон, централниот бек на Скјерн од Данска.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk