Царчев со С. Арабија ќе оди на СП

Формалност ги дели Александар Царчев и Саудиска Арабија да се пласираат директно на Светското првенство што ќе се игра во Шведска и Полска во 2023 година. 



Со победа над аутсајдерот Узбекистан, дури и со пораз до два гола разлика, репрезентацијата на Саудиска Арабија ќе се пласира во полуфиналето на Азискиот шампионат, а со тоа и директно на мундијалот во 2023 година, со оглед на тоа дека петте најдобропласирани екипи ќе играат директно на СП. 

Македонскиот тренер, Александар Царчев ги тренира голманите на С. Арабија, во репрезентацијата во која селектор е Дидие Динар, прославениот француски ракометар и не толку прославен селектор на Франција. 
Средбата С. Арабија - Узбекистан почнува денеска од 16:00, а чудо ќе биде Узбекистан да ја совлада С. Арабија и да се пласира на СП. 



Пласман во 1/2 финалето од оваа група има обезбедно Катар. С. Арабија, Јужна Кореја и Узбекистан се борат за второто место, но Ј. Кореја отпаѓа од турнирот, тие службено загубија 10-0 од Катар во последното коло, а претходно загубија и од С. Арабија. 

Бахреин и Иран обезбедија директен пласман од другата група, додека Ирак би требало да игра со Ј. Кореја за последното место што води на СП. Доколку Кореја биде во можност да игра, во спротивно Ирак ќе оди на СП. 

Пред почетокот на Аизскиот шампионат, репрезентацијата на Јапонија се повлече поради Ковид, а во текот на првенството и Австралија не ги одигра своите натпревари поради позтивни играчи. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk