Шпанија во полуфинале, Полска пропушти шанса за сензација

ШПАНИЈА - ПОЛСКА   28-27 (14-13)
Дашек 5, Једрашчук 5, Пшитула 5 - Соле 4, Гомез 4, Касадо 4



Шпанија и се приклучи на Данска како втор тим што обезбеди пласман во полуфиналето на ЕП и ќе го чека дуел со Исланд или Франција за финале. 
Денеска Шпанците би рекле со доста среќа ја совладаа Полска, на која ова и беше резултатски безначаен меч. Но, одиграа Полјаците растоварено и имаа шанса и да ја победат фаворизираната екипа која се уште е актуелен европски шампион. 

Фуриозно почна Шпанија, поведе 4-1, 6-2, а до десетиот гол имаше импресивна статистика од 60% контра напади. Но, остана на нозе Полска, се доближи до минус еден и од тој момент се до крајот на мечот разликата беше од еден до три гола. 

Во финишот, по 50 минута кога Полска беше на минус еден, работите во свои раце ги презема Џуан Кањељас кој погоди двапати, еднаш блокираше и освои топка во одбрана, а на тоа се додаде и Сармиенто и Шпанија ја одржа предноста. 
Но, Полска, предводна од Једрашчук имаше неколку шанси да направи пресврт. Погрешија во клучните моменти, а шансата за реми ја прокоцкаа Дашек и вардарецот Чувара кои во последниот напад од чиста позиција не можеа да го совладаат Родриго Коралес. 

Интересна беше да се гледа Полска поради нивното ново откритие - Пјотр Једрашчук. Има 20 години игра за Пјотрковиа и потсетува на холандскиот ас Лук Стеинс. Со висина од 177 (само пет сантиметри повисок од Стеинс), супер-брзина и промена на правец ова полско момче, веруваме дека наскоро ќе се најде на радарот на некој посериозен клуб од каде полесно ќе се слушне одново за него. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk