Узунчеви се преселија во РК Алкалоид

Браќата Димитар и Тодор Узунчеви, иако на возраст од 16 и 17 години, веќе подолго време важат за голема перспектива од јужниот дел на државата.



Двајцата досегашни членови на Партизан Гевгелија, браќата Тодор и Димитар Узунчеви, едниот леворак, а другиот деснорак шутер се нови членови на РК Алкалоид. 
Овие играчи подолго време важат за големи таленти и сега го направија првиот чекор кон следната фаза од нивниот развој. Потпишаа 2.5 годишни договори со РК Алкалоид и кариерата ја продолжуваат во Скопје. 

„Трансферот во РК Алкалоид за мене е голема шанса за напредок во кариерата. Потпишав договор и веќе тренирам со тимот. Сакам да напредувам. Знам дека ќе биде потребно многу ангажман и жртвување, но подготвен сум за предизвикот“, изјави Тодор Узунчев. 

Алкалоид, пак, носи двајца (потенцијални) репрезентативци кои националниот дрес ќе го запознаат од помладите категории. Останува и определбата да ангажираат што повеќе репрезентативен материјал што потоа со стилот на игра ќе го обликуваат во систем, а тој ќе треба да се пренесе и во националните тимови. 

„Одлично сум примен во екипата. Овде се работи на професионално ниво и сметам дека направив вистински избор на клуб за мојот натамошен напредок“, вели помладиот Димитар.
 

Поврзани вести