МАКЕДОНИЈА - ЦРНА ГОРА 24-28 (16-17)
Митревски, Томовски (одб), Велковски, Симоноски, Ѓоргиев, Талески, Миркуловски, Ф: Кузмановски, Ц. Кузманоски, Костески, Георгиевски, Крстевски, Пешевски, Маџовски, Серафимов, Мишевски

Не успеа Македонија да победи и на дуелот со Црна Гора. На шампионатот на кој малерозно ги губевме најголемите ѕвезди една по една, во пресрет на дуелот со светскиот шампион Данска сме на последното место во групата. Тоа значи и два баража и втор шешир во битката за пласман на СП 2023.
Не отвори добро Македонија на овој натпревар. Две неизнудени грешки, одбрана што во прв момент не успеа да го запре противникот и Црна Гора поведе со големи 4-0.
Мартин Серафимов го подразбуди нашиот напад, постигна три гола по ред и Македонија фати ритам, но не успеа да се доближи до противникот.
Кирил Лазаров во игра ги уфрли и Кузмановски и Миркуловски и таквата постава почна да дава резултат, а Црна Гора да го губи комотното водство.
Благодарение на индивидуалноста на Ангелиќ и Бранко Вујовиќ црногорскиот тим успеваше да се одржи во водство, но евидентно нашиот напад проработе и Македонија во два наврати дојде до минус еден, разлика што остана на полувреме.
Израмнивме веднаш во вториот дел (17-17), имавме и напад за водство, но не го реализиравме, што беше казнето на спротивната страна.
Не успеа Македонија да влезе во ритам, Црногорците беа подобри во следните неколку минути и зголемите на 22-19 во 42 минута од натпреварот.
Голманот Митревски успеа да пресече напад на Црногорците по што Георгиевски намали на 20-22, 21-24... Долго време стоеше резултатот 21-24 на семафорот. Голманот Симиќ одбрани три напади по ред, плус имавме и едно пробивање. Среќа што и Митревски на спротивната страна беше одличен па не се одлепија Црногорците, иако времето работеше во нивна полза.
На шест минути до крајот беше 22-26, а Пешевски намали на 23-26. а кога Симиќ му одбрани зицер на Велковски на три и пол минунти до крајот, а потоа и контра напад на Кузманоски, веќе беше јасно дека овој натпревар ќе го загубиме.
Продолжи рапсодијата на Симиќ на голот до крајот на мечот, Македонија немаше шанса да се врати,.