Кои се Топ 5 стрелци на ЕП

Кирил Лазаров доскоро беше рекордер по бројот на постигнати голови на едно ЕП. рекордот беше срушен пред две години, на првото ЕП со 24 репрезнтации.



Сандер Сагосен со 65 постигнати гола во 2020, на првото ЕП кое се играше со 24 репрезентации и на кое неговата Норвешка одигра и еден меч со продолженија стана најдобриот стрелец на едно ЕП, за четири гола минувајќи го рекодот што од 2012 беше сопственост на Кирил Лазаров. 

Најдобрите 5 стрелци на едно ЕП, се следниве играчи:
1. Сандер Сагосен (Норвешка) - ЕП 2020 - 65 гола
2. Кирил Лазаров (Македонија) - ЕП 2012 - 61 гол
3. Олафур Стефансон (Исланд) - ЕП 2002 - 58 гола
4. Андреј Здрахала (Чешка) - ЕП 2018 - 55 гола
5. Филип Јиха (Чешка) - ЕП 2010 - 53 гола

Најдобар стрелец со вкупно 288 гола на Европските првенства е Гудјон Валур Сигурдсон од Исланд. 

Топ 5 стрелци на ЕП на сите времиња
1. Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд) - 288 гола
2. Никола Карбатиќ (Франција) - 264 гола
3. Микел Хансен (Данска) - 214 гола
4. Стефан Ловгрен (Шведска) - 204 гола
5. Кирил Лазаров (Македонија) - 182 гола 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk