Младен Милетиќ е новинар, уредник и колумниист на „Вечерњи Лист“ . Во новинарството е од 2002 година, а почна во Спортски новости.
Известувал од многу ракометни натпреварувањa, а последниве години пишува колумни за настапите на хрватската репрезентација.
Име еден број од култниот стрип Алан Форд во кој ненадмашниот Број 1 одлучи да ги награди своите најдобри работници за верност и вредна работа, па ги испраќа на ол инклузив одмор во некој ресорт. Но, „заборава“ да им напомене дека ја уплатил најефтината можна варијанта, а тоа им станува јасно веќе на влезот во авионот во кој нема ни седишта, па несреќниците се држат за држачи како во градски автобус и при полетување и слетување се искршија како будали.
Алан и Боб Рок не се ни свестија од првиот шок, за да покрај базенскиот хотел сфатат дела не е само летот low cost туку и сместувањето и послугата затоа што лежалките крај базенот им се распаѓаа пред очи, а келнерите пијалоците буквално им ги фрлаа во „фаца“. „Одморот“ на крајот го извлече „фрката“ во која очекувано влетаа двајцата несреќници, па и заборавија на великодушниот поклон на газдата на Цвеќарата на кој верно му служеа.
Не знам зошто, но мене веќе втора година откако се стркала ова пандемиско срање, секоја големо натпреварување со тие редовни извештаи за зарази околку играчите грижливо чувани во хотелските карантини, неизвесноста кој може, а кој не може во сала, автобус или авион, со наврат-нанос скрпени пописи на играчи ме потсетува баш на таа аланфордовска зафрканција во која веројатно и играчите најрадо би платила само да пројде што побрзо.
Но, како е така е, барем сите сме во иста неволја, без разлика.
Веќе научивме дека пандемијата не отвора, туку само ги проширува дупките во системот, а во ракометот, за жал ги има да можеш да бираш.
Претседателот на светската федерација демонстрираше сериозна дементност и не ли се преземе нешто, човекот на следното првенство можеби ќе отиде на кошаркарски меч да доделува медали. ЕХФ ги менува правилата на пет дена пред почетокот за да се спаси онаа малку логика што остана од ЕП. Кој за што, а скандинавците за местење натпревари во еврокуповите.
И така натаму се до СЕХА која се повеќе не се игра отколку што се игра, а и се чини дека и самиот нејзин конечен концепт дојде до некој свој крај исполнувајќи си го смисолот со двата вардарови пехари во ЛШ.
Но, играта оди понатаму, а за земји како Македонија или Хрватска, пресудно за ракометниот опстанок ќе биде кко да ги држат базите што пошироки во што повеќе средини кои можат да изнедрат врвен играч. За некои клупски дострел, во догледно време тешко е да се размислува.
ЕП не ни почна, а хрватскиот селектор Хорват веќе е под лупа. Те кои му се тие играи, те зошто го нема Карачиќ, па од каде му право да не го вика Шего, па зошто губи во подготовките...
Не знам дали е колективна амнезија една од нус појавите на коронавирусот или овој новинар само кошмарно сонуваше дека минатата зима имаше некое првенство во Египет. Ако не е ништо од тоа, сао би потсетил дека Хрватска таму доживеа тежок дебакл.
Дури и не толку во смисол на пласман, колку по впечатокот што го остави. Значи, Хорват не само што немаше нешто за да расипе, туку и некои резови беа неопходни.
Три проблеми се тие со кои јавност не знаме или не сака да се соочи пред да тргне приказната. Првиот, како што тоа го срочи Горбачов ден по Чернобил е дека нашата моќ зависи од тоа колку моќни не гледаат. Во тој смисол, СП Египет беше „мал Чернобил“ на хрватскиот ракомет. Да сакаше, Данска можепе да не добие и со плус 20.
Второ е што наголемо се млати за нова млада репрезентација. Мартиновиќ има 24, Јагањац 23, Мандиќ 24, а иста генерација се и „тој некој“ Главаш (24), Граховац (23). Далеку тоа од годините кога си клинец, поточно ова е возраст кога се презема полна одговорност.
Хорватовата долгорочна задача, ако кој било селектор на Балканот може долгорочно да смета, е да одреди јасен костур на репрезентацијата.
Ако пројдеме низ списоците во последните шет-шест години, ќе дојдеме до бројка од седумдесетина играчи што го облекуваа дресот на големите натпреварувања, што би се рекло, хрватската репрезентација во тој период имаше членови како Комунистичката партија на Југославија во најдобрите денови!
И што вреди таа ширина, кога се повторно паѓа на грб на едни те исти. Затоа да се фантазира за некоја завршница, па дури и со правовремено приклучување на Дувњак и Циндриќ во овој момент е депласирано.
Третиот проблем е што Хрватска во глобала и не падна толку, колку што се кренаа другите. Да се игра денеска со Португалија, Унгарија или Македонија не е исто што беше пред 10-15 години кога сигурно се сметаше на тие бодови.
Како што е кај сите балкански екипи, не само кога е ракометот во прашање, тренерскиот авторитет пресуден не за резултат, тукку за одржување на „ред и мир“ во соблекувалната, а богами и околу неа, така е и Кире Лазаров претоставувам моментално единствената можна домашна опција за селектор, да не кажеме идеална. Ајде баш да видиме кој ќе се осмели да „брише под' со легендата Лазаров.
Ждрепката не ја помилува Македонија затоа што Данска, сепак, е велесила, а со Словенците традиционално лошо минува. Но, отворањата и онака се резервирани и за понекое изненадување.
Среќно на сите, особено на балканските тренери кои во мисијата доажување дека не се Шпанците му го испија целиот памет на ракометот. Мирни нерви на играчите имајќи предвид се што се случува. Песнава е можеби стара и некои клинци можеби ја немаат ниту слушнато, но „Замисли живот' на групата Фил може да биде од помош.
Pa kaže: „Ako zamisliš život u ritmu muzike za ples... Doći će do promjene u tvojoj glavi... I vjerovat ćeš da postoji nada... Zamisli život drugačiji od ovog i igraj, igraj, igraj, igraj...“.
Ако сакате да ја прочитате колумната на хрватски јазик, кликнете ТУКА