Динамо Букурешт би можел да стане учесник во СЕХА лигата следната сезона.
Конечно, стигна и една информација од СЕХА лигата. Односно за СЕХА лигата, по долга хибернација. Романскиот шампион Динамо Букурешт би можел да биде член на ова меѓународно натпреварување.
Динамо Букурешт е спремен да се приклучи, по се изгледа и СЕХА нема ништо против, но финалната одлука треба да ја донесе тренерот на романскиот клуб, Шпанецот Хавиер Пасквал.
Динамо има тешки настапи во ЛШ, игра јасно и во домашниот шампионат, па останува да се преброи колку време има за СЕХА:
Меѓународната лига, годинава ќе се игра по скратен систем, но засега немаме точна информација како ќе изгледа шампионатот и кои екипи ќе бидат учесниците. Веруваме дека нема да има поголеми промени и дека покрај најстандардните Вардар, ППД Загреб, Нексе, Е. Пелистер, Мешков Брест и Веспрем, ќе има и натаму место со Мотор или Татран кој е стандарден досега, но Словачка е во комплицираната Ковид зона...