Европската ракометна федерација не е институција водена од силни принципи ниту пак има моќ да спроведе праведност и еднаквост и најчесто се прилагодува кон ситуациите што и овозможува мир и спокој до наредниот хаос.
Правилото „14 дена“ што бог знае од кои причини ЕХФ го воведе пред ЕП (имајќи предвид како се играа Лигата на шампионите и Европските купови) траеше два дена.
Сега имаме ново правило што вели пет дена и два негативни ПЦР тестови за играчот што бил позитивен да може да се врати на терен.
Очекувавме ваков расплет, притисокот врз ЕХФ беше силен особено од Хрватска и Србија кои останаа без Дувњак и Циндриќ односно без 10 члена од кои шест играчи и тренер кога е во прашање нашиот северен сосед.
Можеби еден ден, вака сплотени кога е мака, ќе се сетиме и дека треба да бориме против системот по кој се игра ЕП, начинот на кој се одредуваат носители во квалификациите за ЕП, квалификациите за СП и фамозите вајлд карти за ЛШ и мундијалите што по бројка каде и да ќе станат цел шпил и се друго слично
што суштински го уништува ракометот на Балканот во Средна и Источна Европа. А не само кога догорело кај што не треба.
ЕХФ попушти, искрено не чуди и што воопшто се обиде со тоа „14 дена“ правило, кога Ковид прави ршум низ Европа. Сега е сведено на пет дена и два ПЦР теста... точно така како што Хрватите предвидуваа дека ќе биде. Односно за исходот за кој се бореа да биде.
Убавата вест за ракометот е што ќе ги видиме Дувњак и Циндриќ и Цупара и Пешмалбек итн.
Убавата вест е што ЕП ќе воопшто ќе има.
Не знаеме, но, веројатно е добар момент да ги потсетиме Хрватите, особено оние од ППД Загреб заедно со нивните сојузници од Белорусија и Унгарија дека го исклучија Вардар од Фајнал Фор на СЕХА за еден (сомнителен) позитивен тест играч во период кога Ковид беше навидум смирен, не постоеше Омикрон и вакцините сосема добро си ја вршеа работата.