Данска - Норвешка, откажано

Двата контролни натпревари што требаше да ги одигра противникот на Македонија, репрезентацијата на Данска се откажани. 



Противникот на Македонија, светскиот првак Данска остана без контролни натпревари пред ЕП. Тие според оригиналното сценарио требаше да одиграат една контрола со Норвешка и една со Египет. Но, средбата со Египет беше откажана, а место тоа беа закажани два меча со Норвешка. 
Денеска и тие се откажани. 

Во таборот на данскиот тим, на задолжителното тестирање на 4 јануари позитивен беше само голманот Јаник Грин. 
Доколку опстане правилото „14 дена“, тој нема да игра во прелиминраниот дел. Но, врз ЕХФ се врши силен притисок да се промени од 14 дена на 7 дена или 5 дена пауза. 

Интересен момент, селекторот на Данска, Николај Јакобсен, откако го дозна позитивниот резултат на голманот Јаник Грин, понуда му упати на голманот на Нант, Емил Нилсен.
Во моментот кога Јакобсен го побарал Нилсен, тој веќе бил во карантин, позитивен на Ковид. Но, со оглед на тоа дека позитивен бил уште во декември, нема да има проблем да настапи на ЕП ако затреба. 

Откажана е и втората средба меѓу Словенија и Италија, а денеска е откажан и Кроација Куп на кој требаше да играат Хрватска, БиХ..
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk