Ракометарот што настапи за Македонија на Светското првенство во Франција, стана нов тренер на австрискиот тим Ферлах.
Нова ангажман има Ристо Арнаудовски поранешен ракометар со македонско потекло кој е роден во Загреб и има настапувано за клубови од повеќе држави како Дубрава и Загреб од Хрватска, потоа Ливри Франција, Лубеке од Германија или Брегенц, Алпла од Австрија.
Ристо Арнаудовски имаше навистина кратка репрезентативна кариера во македонската репрезентација, но останува запишано дека има настап на Светско првенство (2017, Франција) во црвено-жолто.
Арнаудовски поради повреда ја прекина кариерата во 2019 кога беше играч на Алпла Хард. Но, во периодот од 2015 до 2017 настапуваше за екипата на Ферлах, а тренерска кариера како менаџер во помладите категории почна сезонава, во Ферлах.
Оваа екипа бараше замена за Миро Баришиќ затоа што по 14 одиграни натпревари во Австрија имаат само една победа и два нерешени меча, па со 4 освоени бода се на претпоследното место.
Изборот, односно одговорноста или шансата да ја вади колата од калта ја доби Ристо Арнаудовски