Данска рефундираше 11.000 билети

Топ фаворитот за злато, а и топ фаворитот за првото место во групата во која игра Македонија на ЕП; има проблеми во подготовките.



Данската федерација беше принудена да им ги врати парите на разочараните 11.000 гледачи кои купија билети за пријателскиот дуел со Норвешка, закажан на 6 јануари.
Поради ковид бранот, мечот ќе се игра без гледачи, а и самата средба е префрлена во помала сала.

Данска планираше и патување во Франција на 9 јануари каде што требаше да игра со Египет, додека другиот контролен пар го сочинуваа Франција и Норвешка. 
Но, денеска француската федерација ги извести Данска и Норвешка дека ова се откажува и дека не треба да го планираат патувањето. 
Франција има осум позитивни играчи и во моментов не гледа поента да органзира ваков турнир. 

Данска и Норвешка, можеби ќе закажат втор меч, но засега останува само првиот план, да играат на 6 јануари. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk