Репрезентацијата на Македонија вечерва ќе го има последниот тренинг на Маврово, по што се враќа во Скопје.
Македонија успешно ги мина првите контролни средби и продолжува да се комплетира пред настапот на ЕП. Вчера беше одигран и вториот контролен меч, имаше и малку резултатска драма, што сепак заврши со пресврт и победа за македонскиот состав.
Вечерва е последниот тренинг на Маврово и воопшто последниот за 2021 година. По ова тимот се враќа во Скопје, ќе биде слободен на 31 декември, а првиот собир во 2022 ќе го има на 1 јануари.
Следната акција е закажана на 3 јануари кога во Скопје ќе се игра меч со Израел. Ден подоцна ќе се игра уште еден меч со истиот противник, а потоа следат финалните тренинзи и патувањето за Дебрецен.
Првиот меч Македонија ќе го игра на 13 јануари против Словенија, потоа следат Црна Гора на 15 јануари и Данска на 17 јануари.