Словенија ја „збриша“ Хрватска

Првиот и најважниот противник на Македонија, репрезентацијата на Словенија денеска одигра контролен меч на кој противник и беше селекцијата на Хрватска. Не се добри вестите од Целје, Словенија победи 33-26, а можеше и поубедливо да слави.



Не беа комплетни двата тима. Во редовите на Словенија недостасуаа Зарабец, Благотиншек, во редовите на Хрватска не беа Дувњак, Марковиќ, Пешиќ. 
Но, имаа сосема добри состави на располагање и Врањеш и Хорват. 
Средбата немаше особено жесток ритам, во поглед на одбраната и фаулите, но имаше доволно борбен дух. Словенија навидум не одигра којзнае што, но подлабока анализа веројатно ќе покаже дека беа ги надиграа Хрватите во сите елементи. 
Беа и побрзи и подобри и многу потечно одеа нивните акции. Главно преку десната страна напаѓаа Словенците, таму каде што се Доленец и Маргуч, односно Јанц. Двете крила на Словенија заедно постигнаа 15 гола, речиси пола од вкупниот број. 
Можеше првиот противник на Македонија и двоцифрен да го добие мечот. Имаа плус осум, (31-23), но само во вториот дел имаа и два промашени пенали и четири зицери што завршија во стативата на голот на Хрватска.



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk