Лазаров: Јасна слика, видов како се однесуваат во неизвесен финиш

Македонија го совлада Кувајт на двата контролни натпревари. На првиот убедливо, на вториот во драматичен финиш. 
Не беше во комплетен состав македонскиот тим, главно играа помладите ракометари, што е добар вовед во тоа што следи на почетокот на 2022. 



„Мислам дека резултатот од првиот натпревар не беше реален. Кувајт е добро истренирана екипа, предводена од еден стратег како Борис Дениќ, кој веќе работи таму еден подолг период. Ние трениравме максимално напорно вчера, а дури и денеска наутро. За нашите млади играчи овој натпревар беше едно големо искуство. Задоволен сум од победата, но и да беше поинаку немаше да очајуваме. Имам јасна севкупна слика. Се соочуваме со проблеми со повредени играчи и се надевам дека ќе се опорават побрзо. Утре сабајле и попладне продолжуваме со напорната работа“

„Важно е играчите да бидат фокусирани до самиот крај и покажаа карактер, тоа е позитивна работа. Победникот не се знаеше до последната секунда. Видовме како регираат некои играчи во неизвесни завршници. Имаме време да исправиме доста работи по новогодишните празници“.

„Морам да искажам голема благодарност до Филип Миркуловски, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски, кои ни се приклучија веднаш по завршувањето на нивните клупски обврски. По некое непишано правило заслужуваат одмор барем до 2.јануари и тоа само покажува колку се подготвени да се жртвуваат за македонскиот дрес“, изјави Кирил Лазаров. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk