Македонија со пресврт до победа над Кувајт

МАКЕДОНИЈА - КУВАЈТ 22-21(11-12)
Митревски (6 одб), Томовски 1, Ѓоргиев 5, Костески 4, Маџовски 4, Талески 2, Георгиевски 2, Стоилов 2, Серафимов 1, Симоноски 1

Движење на резултатот: 3-5, 6-5, 6-8, 9-12, 10-12, (11-12), 11-15, 12-15, 16-19, 18-19, 18-20, 19-21, 22-21



Репрезентацијата на Македонија режираше резултатска драма на вториот меч со Кувајт и откако на првата средба славеше лесно и убедливо со 10 гола разлика вечерва со пресврт и гол во последниот напад стигна до минимален триумф на Маврово.

Претходно, за волја на вистината гостите цел натпревар имаа предност и диктираа резултат. На почетокот на вториот дел Македонија не искористи два напада за да го израмни резултатот, Кувајт тоа го казни со серија од 3-0 и водство од 15-11. 
По ова Македонија полека почна да се враќа во игра, намали на 18-19 во 53 минута од натпреварот, во 56 беше 19-20, но не успеаваше да се одбрани нашиот тим во клучните моменти. Прими гол за 19-21, но веднаш си одработе и за нова шанса со гол за 20-21. 
Гоце Георгиевски погоди за 20-21, ао 59 минута Македонија го израмни резултатот преку Игор Ѓоргиев на 21-21, а потоа уште еден гол постигна Георгиевски за прво водство во вториот дел и победа од 22-21. Мартин Томовски во финишот спречи израмнување и ја потврди победата на македонскиот тим. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk