Селекторот на репрезентацијата на Германија има свој рол модел меѓу тренерите. Но, тој не е од ракометниот свет.
Алфред Гисласон (62), исландски стратег кој е на клупата на репрезентацијата на Германија има свој рол модел во тренерската фела. Но, тоа не е ракометен туку тренер на фудбалски клуб. И тоа не кој било клуб туку на еден од најголемите меѓу најголемите - Ливерпул. Односно Јирген Клоп.
„Да бидам искрен, тоа што Клоп го изгради во Ливерпул е величенствено, ме инспирира. Како го води тимот, кохезијата што ја создава, колку е автентична неговата појава и тоа што го прави... тоа е фантастично“, изјави Гисласон.
Алфред Гисласон посочи и кон една поинаква поента во германскиот ракомет. Според него, силната Бундес лига е хендикеп за германската репрезентација.
„Има потенцијал, но ќе им треба време. Тоа е хендикеп за репрезентацијата. Во ваква силна лига, младите германски ракометари многу малку и многу тешко добиваат шанса да играат и напредуваат. Многу им е полесно на младите ракометари од Данска, Норвешка, Франција...