Ѓоргиев: Се трудиме да влеземе во системот

Македонската репрезентација „ужива“ во денот по мечот со Кувајт, во подготовка и очекување на вториот меч што ќе се одигра утре. 



Секогаш е убаво кога на првиот меч на подготовките се запише сигурна победа, без разлика што резултатите во овој период не играат улога. Важни се сите сегменти, пристапот, односот, тоа што е прикажано на терен. А ако тоа е во ред и особено ако е заокружено со комотна победа, уште подобро. 
Кувајт и помага на Македонија да влезе во добар ритам, Лазаров има шанса да ги испроба сите сили пред да биде комплетиран тимот  да биде селектирана екипата што ќе патува за Дебрецен. 

Во отсуство на неколку стандарни играчи, шанса да се носат со Кувајт главно добија помладите ракометари и вчера ја оправдаа довербата. Бекот Игор Ѓоргиев е еден од нив.

„Во целина од сам себе и соиграчите сум презадоволен. Го одигравме тоа што го трениравме минативе четири-пет дена. Советите од Лазаров ни помогнаа, особено во второто полувреме кога уфрливме во брзина повеќе и заигравме подобро. Организиравме и ги користевме чистите ситуации, а во второто полувреме и голманите се разбранија. 
Сите ние младите се трудиме максимално да се вклопиме во овој систем и да се наметнеме во овој ритам. Подготовките течат одлично, се надевам ќе продолжиме така“, изјави Ѓоргиев. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk