Македонија го преслуша Кувајт

МАКЕДОНИЈА - КУВАЈТ    32-21 (14-13)
Стрелци за Македонија: Георгиевски 2, Ојлески 4, Серафимов 7, Младеновиќ 1, Талески 5, Маџовски 4, Ѓоргиев 3, Костески 3, Симоноски 1, Петров 1
Томовски 6 одбрани, Кизиќ 5 одбрани.

Македонската сениорска репрезентација победничките тргна во последнта фаза од подготовките за ЕП. Вечерва на меч одигра на Маврово запиша победа над селекцијата на Кувајт.



Репрезентацијата на Македонија вечерва го совлада Кувајт и ја почна финалната фаза од подготовките со победа. 
На средбата што се одигра на Маврово, неизвесност имаше само во првиот дел, додека македонските ракометари да ги загреат дланките. Оваа делница од натпреварот заврши со минимално водство на Македонија од 14-13.
Во второто полувреме, Македонија почна пофокусирано, одбраната функционираше и направија серија од 7-0 избраниците на Лазаров.
Поведоа со 21-13 македонските играчи, а на Кувајт му дозволија првиот гол во вториот дел да го прослави во 43 минута и тоа од седмерец и на тој начин си обезбедија мирна завршница на дуелот. 

Селекторот на овој натпревар имаше можност да испроба повеќе играчи, поголемо внимание и поголема минутажа добија помладите ракометари како Митев, Симоноски а на овој меч, ќе остане забележано дека официјално дебитираше и 18 годишниот пивот Марко Стојковиќ.  

На пет минути до крајот, Македонија водеше 27-16, победникот беше одамна решен, а остана само да се сумира резултатот.
Македонија и Кувајт ќе одиграат уште еден натпревар, во среда, исто така на Маврово. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk