Квартет Португалци се аут од ЕП 2022!

Андре Гомеш, бекот на Мелзунген најверојатно нема да може да настапи за Португалија на претстојното ЕП поради повреда. 




Андре Гомеш, бекот на Мелзунген најверојатно нема да биде дел од репрезентацијата на Португалија на претстојното ЕП. 
Гомеш има повреда на стапалото за која веројатно ќе треба повеќе време за рехабилитација од тоа што го има на располагање. 

Покрај Гомеш, на ЕП нема да настапат ниту неговите врсници од (своевремен) јуниорската репрезентација со која стигнаа до полуфинале на ЕП. Тоа се пикерот на Барса, Луиш Фраде за кого сезоната е завршена и десниот бек Диого Силва. 
Педро Портела го комплетира квартетот на играчи што нема да ги гледаме на ЕП. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk