Прв тест за Лазаров и Македонија

Попладнево од 18:00 часот, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе го има првиот тест во оваа финална фаза на подготовки за настап на ЕП 2022.



Македонија против Кувајт, денеска ќе го има првиот тест во последната фаза од подготовките пред настапот на ЕП 2022. 
Кирил Лазаров ги има речиси сите играчи на располагање, со исклучок на Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, кои се уште имаат обврски во Германија. Ниту Филип Миркуловски не е овде, но има доволно искусни и доволно млади сили за тестовите против Кувајт да покажат на кого ќе смета Лазаров во кога ќе го прави финалниот избор на играчи за настап на ЕП 2022. 

Македонија и Кувај ќе одиграат два контролни натпревари, вториот е закажан во среда, а до крајот на подготовките на 3 и 4 јануари ќе одигра и два меча со селекцијата на Израел, во Скопје. Дуелите со Кувајт се играат на Маврово. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk