На 17 меч во Бундес лигата, Магдебург прв пат поразен.
Екипата на Магдебург го запиша првиот пораз во Бундес лигата, односно првиот пораз воопшто сезонава. Во 17 коло од германскиот шампионат, Магдебург како гостин загуби од Флензбург (27-30).
Сега разликата меѓу нив и Флензбург кој е на второто место се намали и изнесува пет бода.
Магдебург водеше 25 минути на овој меч, но Флензбург во финипот на првото успеа да ја преземе контролата и на одмор да замине со предност од 13-11, а на почетокот на вториот дел Јим Готфридсон постигна неколку злато вредни голови со кои Флензбург зголеми на плус четири/пет гола разлика и потоа ја одржуваше благодарение на ефикасната вечер на Хампус Ване (7) и на голманот Бенјамин Буриќ (14 одбрани).
Немаше резултатска драма, Флензбург мирно го приведе мечот до крајот.