Неколку ракометари на Црна Гора се позитивни на Ковид 19 и денешната средба со Косово им е откажана. Не се наведува кои за кои играчи се работи, но наведено е дека и во тимот на Косово има играчи што имаат симптоми слични на Ковид.
Црна Гора пред два дена играше натпревар со репрезентацијата на Кувајт. Со оваа азиска репрезентација, утре треба да игра и Македонија. Дали е и овој меч доведе во прашање ќе дознаеме мошне брзо.
Македонија и Црна Гора ќе се сретнат на ЕП на 15 јануари. Дотогаш сигурно ќе се рехабилитираат Црногорците, но колкава ќе биде штетата во подготвителниот период?