Шпанскиот тренер Давид Дејвис по повеќе од три години се враќа во Скопје, на голема врата, како тренер на првиот тим. Дејвис има искуство од работа во Скопје, многу работи ќе му бидат познати, но факт е дека многу работи се сменети во Вардар, па ова ќе биде релативно ново искуство и нов тест.
„Задоволен сум што брзо го решивме прашањето на тренер. Имавме многу понудени опции и повеќе познати тренери, и им благодарам на сите кои изразија желба да бидат дел од Вардар. Се решивме за Давид Дејвис поради фактот што тој веќе претходно беше во Скопје како дел од Вардар, познава дел од играчите и работел со нив, нема јазична бариера бидејќи зборува и македонски и претходно работел во систем и со систем кој донел одлични резултати. Покрај работата со првиот тим, Дејвис ќе биде задолжен и за координација со младите селекции на Вардар. Со ангажирањето на Дејвис нашите цели за сезонава остануваат исти, вели Михајло Михајловски, претседателот на РК Вардар 1961.