Втора победа и втора повреда за Црна Гора

Црна Гора го совлада тимот на Кувајт и на вториот контролен натпревар одигран во Подгорица. Црна Гора е важен противник на Македонија на ЕП 2022 во Унгарија. 



Репрезентацијата на Црна Гора славеше поубедлива победа на вториот дуел со селекцијата на Кувајт (28-17). На овој дуел тие настапија без селекторот Зоран Рогановиќ кој се врати во Шведска за да го води својот тим во првенството. Драшко Мрваљевиќ го водеше тимот на овој дуел. 
Поради повреди не настапија Милош Вујовиќ, Небојша Симовиќ и Милан Вујовиќ. 

Во текот на натпреварот на репрезентацијата на Црна Гора и се повреди централниот бек Радојица Чепиќ. Тој го превитка зглобот при еден контра напад. Нема финална дијагноза, а со тоа ниту точно колку време ќе паузира Чепиќ. 

Репрезентацијата на Црна Гора во недела ќе игра контролен меч со Косово. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk