Сергеј Шишарев, според листата на Форбс еден од 150-те најбогати Руси, останува на чело на ракометната федерација уште четири години. Но, руската ракометна легенда Евгениј Трефилов - не.
Евгениј Трефилов не е реизбран во Извршната комисија на Ракометната федерација на Русија (ФГР). Легендарниот руски тренер до 2019 беше селектор на женскиот тим, а потоа имаше функција потпретседател на ФГР. Трефилов остана познат критичар на руската репрезентација во периодот од 2019 година, особено на работата на тренерите. Но, се чини дека времето го прегази и дека веќе не се гледа на ракометот од аголот од кој гледа тој.
Денеска имаше нови избори во Русија, Сергеј Шишкарев кој е на чело на федерацијата од 2015 година доби нов мандат.