Серафимов: Добиваме шанса, треба да ја искористиме

Македонската сениорска репрезентација веќе го одработува вториот ден од подготовките на Маврово. Во исчекување да пристигнат и дел од странските засилувања и да дојдат на ред контролните дуели со Кувајт, тимот одработува на Маврово.



Десниот бек на РК Алкалоид, Мартин Серафимов, ќе биде еден од адутите на селекторот Лазаров за престојниот шампионат.

„Подготовките течат одлично, а и верувам дека ќе продолжиме во овој ритам. Сѐ што работиме е точно и прецизно и секој си ја знае својата работа. Секако ние помладите знаеме да направиме почесто грешки, но затоа тука имаме квалитетен стручен штаб и поискусни играчи кои можат да ни даваат совети за како побрзо и поефикасно да се вклопиме во тимот и да ги намалиме грешките. Селекторот Лазаров верува во секој играч кој го има на располагање и затоа ние помладите добиваме сѐ повеќе одговорност на теренот. Се разбира честа е голема да си дел од вакви подготовки посебно пред настан како Европското Првенство“.

Македонија против Кувајт ќе се тестира на првите две средби, на 27 и 29 декември. Потоа, во комплетен состав ќе игра и против селекцијата на Израел. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk