Норвешка и Франција добија лоши вести. Важни и познати играчи од нивните тимови нема да можат да настапат на ЕП 2022.
Недим Ремили од Франција нема да настапи на претстојното ЕП во Унгарија и Словачка. Францускиот бек од ПСЖ, на вчерашниот тренинг на заработил фрактура на стапалото и ќе мора да паузира. ЕП веќе не е опција за него иако упте три недели од првенството.
Сепак, Гијом Жил има добри алтернативи во Дика Мем, Мелвин Ричардсон и по потреба Валентин Порт за покривање на позицијата десен бек.
Поголеми проблеми има селекцијата на Норвешка која остана без Свеј Јоран Јоханесон од Флензбург. Левиот бек со разорен шут играш тешка сезона во која постојано е повреден, а поради повреда на мускулот остана и дефинитивно надвор од стројот за настап на ЕП Унгарија и Словачка.