Вујовиќ: Ќе го оправдам мојот рејтинг!

Веселин Вујовиќ е несомнено легенда на Вардар и неговите фанови, но годинава, по серијата на порази, има мета на својот грб каде што се собираат се повеќе стрели. 



Вардар минувал низ добро и лошо, но една работа била целосно непроменлива. Безусловната поддршка на навивачите кон Веселин Вујовиќ како тренер во неговите два претходни мандата. 
Неврзано со ова, работите особено од перспектива на вардаровите фанови се променија по двете шампионски титули и едно полуфинале меѓу нив. Тоа мораме да го подвлечеме. Сега можеме слободно да зборуваме за цели три различни ери во вардаровата историја. Едната е се тоа што беше пред првата титула, потоа во периодот од 2015-16 до 2019 и сега по заминувањето на Самсоненко.

Вардар и резултатски и квалитативно се враќа назад кон периодот пред 2016 година. Тоа не може да не е очекувано со оглед на неколкукратното намалување на буџетот. Играчите и системот што го изградија Раул и Парондо веќе ги нема. Од него има само двајца играчи во тимот - Дибиров и Стоилов, а нов систем со 15-тина нови играчи не се гради преку ноќ.
И згора на тоа, летвичката за успех беше крената високо, Вардар не е 30% посилен од лани, а се што се прави и гледа се споредува со 2017 - 2019. Тоа е фрустрирачки особено за фановите и особено по седум порази во ЛШ и загубен меч од Е. Пелистер 2. 
Сето тоа доведе со поништување на констнатата и Веселин Вујовиќ веќе ја нема безусловната поддршка. Напротив, во голем процент доминираат критиките  на неговата сметка и повиците за оставка. 

Го прашавме Вујовиќ, како се снаоѓа, соочува со овој нов момент и бројните критики од вардаровите фанови и повиците за оставка. Го добивме следниов одговор:

„Се трудам да не ги читам пораките на социјалните мрежи. Се фокусирам на тоа својата работа да ја работам најдобро, да направам се што е до мене. Јас сум или добар или лош тренер. Тоа не се менува од победа до пораз. Нити зависи од тоа: Ако играч промаши зицер и загубиш тогаш си лош, а ако влезе во гол - тогаш си добар. Рејтингот се гради со години, а јас својот ќе го потврдам“, изјави за g-sport.mk, Веселин Вујовиќ. 

Ќе го преживеат ли Вујовиќ и навивачите заеднички овој исклучително тежок период за Вардар или не? По следниот меч во Битола, веројатно ќе имаме јасна слика. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk