Најпознатото ракометно име од Швајцарија, Анди Шмит, летово заминува од РНЛ и кариерата ќе ја продолжи/приврши во родната Швајцарија.
Андре Шмит, легендарниот швајцарски ракометар, по 12 години минати во РНЛ во кои во најголем дел беше незаменлив и најкорисен играч на тимот си оди од Германија.
На возраст од 38 години, Шмит реши да ја приврши кариерата и следната сезона ќе игра во родната Швајцарија.
Неговиот следен клуб е
Кринс Луцерн, екипа што можеби ќе се сетите, беше елиминирана од Металург во Европската лига во септември 2020.