Вујовиќ: Ова беше грдо за гледање, загубивме добиен меч

Вардар запиша седми пораз по ред во Лигата на шампионите, иако овој пат реално беше блиску до бод, можеби и два...



„Имавме многу надежи за овој меч. Одново загубивме меч што речиси го имавме добиено. Погрешивме кога не смееше да се погреши. 
Ова беше грд меч. Ако ги гледаме Загреб и Вардар кога играат со други екипи, тоа изгледа убаво за око, кога играме меѓусебе, тоа секогаш е грдо. Нема проток, нема убавина, многу прекини, грешки,, тоа е веројатно поради набојот, притисокот што си го наметнуваме. Но, тоа е за друга анализа. 
Ние за седум дена играме многу важен натпревар со Е. Пелистер. Се плашам дека овој пораз може да има негативно влијание врз играчите. Ќе пробаме да се кренеме. Седум меча немаме победа, секогаш сме тука некаде, но бодовите не ги запишуваме. Средбата беше многу важна и за двата тима. Ние сега ќе се обидеме да го искористиме тоа што имаме полесен распоред од ривалите за да ја исполниме целта, а тоа е пласман во следната рунда. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk