Вардар добар, но бодовите за Кил

КИЛ - ВАРДАР  32-30 (16-14)
Вардар: Томовски (11 одб), Сафар, Кудуз 9, Тото 5, Моралес 2, О. Њокас 2, К. Њокас 2, Стоилов 2, Талески 2, Дибиров 2, Диало 2, Ѓукиќ 1, Чувара 1, Мишевски, Валчак, Георгиевски



Вардар го запиша шестиот пораз по ред во Лигата на шампионите. Вечерва во Кил, македонскиот првак беше поразен 30-32 (14-16).
За разлика од дел од претходните шест средби на кои беше поразен, Вардар вечерва беше рамноправен во Германија. Имаше свои моменти, користеше свои шанси и казнуваше грешки на противникот, Финишот бепе возбудлив, но не и драматичен и не би рекле дека беше блиску до победа. Иако, мечот можеби можеше да има и поинаков тек.

Вардар играше паметно на овој меч. Не брзаше во напад, затоа што тоа против Кил е самоубиствен рецепт. Кудуз го одигра најдброто досега во дресот на Вардар, Томовски беше одличен на голот, Талески играше зрело и како организатор и како стрелец и не трошеше топки. 
Одбраната имаше свои периоди и тоа беше доволно против вечерашното издание на Кил да гледаме релативно израмнет меч.
Кил од друга страна не беше онот тим што играше во Скопје. Нивната одбрана не беше таа што сме ја навикнале, Јиха правеше многи ротации, дури и кога му одеше со една постава или одбранбена зона не остануваше долго со таквата формација. Но, тоа е и стилот на Кил, сите играчи добиваа минутажа, дел од поцијата и веруваме дека за нив задоволувачки беше фактот што имаа полна контрола врз резултатот. 

Вардар имаше два периода на почетокот на првото и во првите 15 минути од второто полувреме во кои малку излегуваше од рамката и во неколку наврати тргнуваше во трка со Кил, а тоа и во двата случаи значеше влегување во минунс. Во првиот дел минус пет (6-11), во вториот имаше Кил и плус шест во неколку наврати (26-19, 27-21). 
Но, кога Вардар играше мирно и добро во одбрана, успеваше да се врати. Tака беше и во финишот. Од 24-29, Вардар прво намали на 26-29, потоа стигна и со 29-31, па имаше и контра напад што Јан Чувара не го искористи. 
На крајот без драми, Кил поведе 32-29 и последниот гол на Вардар беше ублажување на негатива. 

Севкупно, Вардар не треба да се жали, ова не беше лошо издание и секако е добра најава за следните два меча што се од исклучително значње. Дуелот со ППД Загреб на гости во ЛШ и гостувањето во Битола во домашното првенство. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk