Јубилејното 25 светско првенство почнува денеска во Шпанија. Прв пат ќе играат 32 репрезентации. Македонија не е дел од светската смотра.
Има ли право Македонија да се лути и да се чувстува изиграно од страна на Хасан Мустафа кој е синоним за ИХФ повеќе од 20 години?
Би рекле и да и не. Македонија не се пласираше на мундијалот според квалификациите и беше трета резерва. Но, бевме на ред за вајлд карта, а таа отиде во Кина, која не се ни помачи да игра квалификации. Иако и Македонија нема квалитет за врвен дострел во моментов, азиските квалификации чија цел беше што повеќе неевропски држави на СП, допрва ќе покажат каков е женскиот ракомет во светски рамки.
Мундијалот ќе биде далеку од нивото на кој биле досегашните не само поради присуството на екипи како Порторико, Иран, Узбекистан... туку поради фактот дека е во пост олимписка година и во рамки на Ковид, па нема да видиме голем број на ѕвезди како Лејно, Неагу, Вјахирева, Дембеле, Лакрабер итн. Би рекле, идеално за Шпанија да стигне до подиум и злато евентуално. Ако и дозволи Норвешка или Холандија кои се издвојуваат како топ фаворити без оглед на составот.
Шпанија и Аргентина вечерва отвораат, во 20:30, а утре се играат следните натпревари.
18:00 Австрија - Кина
18:00 Хрватска - Бразил
18:00 Ј. Кореја - Конго
18:00 Германија - Чешка
20:30 Данска - Тунис
20:30 Јапонија - Парагвај
20:30 Унгарија - Словачка