СПОРТИНГ - Е. ПЕЛИСТЕР 27-27 (14-16)
Е. Пелистер: Секели (8 одб), Кизиќ, Табоада 7, Мандалиниќ 5, Павлетиќ 4, Граџан 3, Маџовски 2, Мараш 1, Велковски 1, Костески 1, Периќ 3, Ојлески 1, Маркоски, Танкоски, Кукоски, Обрадовиќ
Еурофарм Пелистер со бод се враќа од гостувањето во Португалија, резултат со кој нормално мое да биде презадоволен, но според тоа што се случуваше на теренот, битолчани можат да жалат за вториот бод.
Е. Пелистер беше вечерва подобар тим од Спортинг. Ја имаше контролата врз противникот и резултатот и добро изгледаше на терен.
Направија битолчани разлика уште на стартот (5-2), потоа ја одржуваа таа дистанца. Табоада играше одличен меч, Секели бранеше кога требаше, но примарно колективот и тоа во одбраната им даде шанса на битолчани да бидат секогаш барем два чекора пред противникот.
Во вториот дел, во првит 15 минути уште подобро изгледаа работите за Пелистер. Тренерот на Спортинг се откажа од идејата со своите два сина тинејџери (Мартим 19 год и Кико 16 год) да брка резултат, па на терен беше помускулеста и погабаритна постава.
Но, се што се посакаше Еурофарм се исполнуваше до 45 минута. Тогаш, при резултат 20-24, Матевж Скок му одбрани пенал на Јосип Периќ и тоа ја разбуди и публиката и Спортинг.
Следниот период беше во знакот на Спортинг кој успеа да стигне и до израмнување со серија од 5-1 (25-25). Но, место драма, испуштија домашните две топки, а Стипе Мандалиниќ со два погодока донесе 27-25. Но, заработи и исклучување Табоада, а со играч помалку Е. Пелистер прими два гола.
Имаше доволно време за последен напад за Е. Пелистер, но битолчаните се задоволија со реми и мислеа повеќе на својот отколку на противничкиот гол. Се се сведе на еден шут на Периќ буквално на исткот на мечот, а тој заврши преку голот.