Најсилната алка во синџирот на репрезентацијата на Австрија, селекторот Херберт Милер остана дома. Позитивен е на Ковид за него нема да има СП.
Креаторот на играта и воопшто на овој тим на Австрија, Херберт Милер е Ковид позитивен и нема да биде дел од Светското првенство во женска конкуренција што почнува утре во Шпанија.
Покрај Милер во самоизолација доброволно заминаа и неговите два асистента. Тие ќе направат нов ПЦР по два дена и доколку се негативни ќе одат на СП. Милер, останува во карантин, а неговиот помлад брат кој е селектор на јуниорскиот состав сега ќе ја води репрезентацијата.
Австрискиот состав беше негативен, но имајќи го предвид периодот на инкубација, ќе има нервоза во нивниот тим во исчекување на секој нареден тест.