ГОГ Гудме и Нант одиграа нершено (29-29) во рамките на Европската лига на натпревар одигран вечерва во Гудме. Најзаслужен за ваквиот расплет е македонскиот ас Кирил Лазаров, иако Нант можеше и со цел плен да се врати дома.
Кирил Лазаров во игра влезе во вториот дел, кога Нант губеше 14-16 и набрзина постигна четири гола, а имаше и неколку асистенции и со поддршка од голманот Мишел Робин кој исто така влезе во вториот дел францускиот тим го презема водството, а во еден момент имаше и напад за плус пет (23-19).
Но, свои адути имаше и ГОГ. Гидсел играше одличен натпревар, а поддршка имаше од Тлбринг, Лерке и Питлик и користејќи ја својата препознатлива игра успеа да го сврти мечот во своја корис.
Во финишот се играше гол за гол, а одговорноста во Нант беше за Лазаров. Македонскиот ас двапати во последните две минути асистираше, еднаш беше гол, вториот пат при резултат 28-28 беше постигнат гол можеби и за победа, но беше поништен поради престап.
По ова, во последната минута нападна ГОГ и Симон Питлик погоди за водство od 29-29, но кратко траеше таа акција на Данците, па имаше време за цел напад на Нант.
Кирил Лазаров овој пат шутираше, го постигна својот петти гол, израмни и за ГОГ остана само уште некоја секунда во која Ларке се обиде од лоша позиција, но Робин му одбрани и средбата завши нерешено.