Ќе продолжи ли битолската еуфорија?

Вечерва Еурофарм Пелистер ќе игра натпревар од Европската лига. Македонскиот претставник гостува во Португалија. 



Еурофарм Пелистер е во своевидна ракометна еуфорија, почната од мечот во Швајцарија, продолжена во Македонија со победите над АЕК и Татабања и засилена со (по)слабите резултати на директниот ривал за шампионскиот пехар во домашниот шампионат, Вардар. 
Во пресрет на дербито со Вардар што кон средината на декември ќе се игра во Битола, Е. Пелистер вечерва ќе се обиде да го одржи победничкиот ритам, но на незгоден терен.

Пелистер игра против Спортинг во Лисабон и со добар резултат ќе влезе во конкуренција и за првото место, за кое во моментов не се зборува гласно, туку повеќе се гледа да им се избега на ривалите што се позади на табелата отколку што се гледа кон врвот. Но, денешниот меч може да промени многу.

Спортиг е сериозен ривал кој сезонава направи доста големи играчки промени. Го доведе Рикардо Кошта, а тој ги доведе своите два сина, Франциско и Мартим. 
Тие што го следеа кадетскиот мундијал во Македонија, ќе видат дека во оваа екипа има двајца кадети. Мартим Кошта играчот што беше еден од најдобрите на мунијалот и Салвадор Салвадор. Франциско Кошта е додадена вредност од најновиот бран на репрезентативци. 
Нив на теренот ги координира ветеранот Карлос Руесга, на линијата го имаат незгодниот Мачадо и севкупно ова е тим кој мора да се респектира. Во спротивно, сметката ќе биде висока.

Натпреварот почнува во 20:45 часот, веруваме дека Е. Пелистер кој играчки може да парира ќе ја најде својата игра и на оваа средба и ќе го контролира португалскиот тим, кој како и сите Португалци ја има таа маана во одредени период да не може да биде дисциплниран туку сака да јуриша. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk