Kелце стана уште посилен

Келце во продолжението на сезоната ќе биде уште посилен. Во екипата се врати Даниел Душебаев.


На последниот натпревар на Келце во домашното првенство, меч на кој полскиот шампион забележа победа од 38-24 над Заглебје, на теренот по пауза од осум месеци се врати помладиот син на Талант Душебаев - Даниел. 
Душебаев се повреди на крајот на претходната сезона на дуелот со Висла Плоцк и мораше да оди на операција на лигаментите што резултираше со пауза малку подолга од вообичаеното. Во периодот кога се повреди, Даниел покажуваше голем напредок и се промовираше како еден од главните ракометарите на тимот. 

Сега му претстои ново докажување, особено затоа што Симон Сичко е во подем, а Владислав Кулеш кој заминува од клубот во јуни, се уште не е за „фрлање“. 
Сеедно, Талант Душебаев добива опција плус, а ако Даниел продолжи каде што застана и повредата не оставиле предлабока трага, наскоро Келце ќе биде многу поопасен и поразновиден од досега. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk