Следната недела почнува Светското првенство во женска конкуренција, мундијал на кој многу работи нема да видиме. Една од нив е и настапот на рекордерот по бројот на наградите на ИХФ за играч на годината - Кристина Неагу.

Кристина Неагу нема да игра за Романија на претстојниот мундијал, нема да играат ниту Деду, Бучесчи, Пирјану, но светлото на рефлекторот секако е кон рекордерот по освоени ИХФ награди играч на годината. Односно кон селекторот Ади Василе.
„Најдоброто нешто за нас е што Неагу нема да игра. Вака ќе мораат сите играчи повеќе да се трудат, да напредуваат, па кога Неагу ќе ни се приклучи, екипата ќе биде напредната“, срони еден бисер, селекторот Василе.
Можеби ќе се најде логика во оваа негова изјава, но ќе почекаме да почне првенството, да видиме како ќе игра Романија и колку ќе напредува и се надеваме дека следната изјава нема да му биде оправдување од типот дека се ослабени, некомплетни затоа што Неагу не игра.