Марјан Колев ќе се раздели со Ница

Македонскиот тренер Марјан Колев, на крајот на сезоната и истекот на договорот ќе се раздели со екипата на Ница. 


Марјан Колев е спред своето резиме најуспешниот македонски тренер што работи со женски екипи. Иако е релативно млад стручњак, има само 44 години, веќе 5.5 години е на кормилото на француската екипа Ница, сериозен клуб во уште посериозен шампионат. 

Екипата на Ница под водство на македонскиот стручњак го оствари најголемиот успех, беше вице-шампион на Франција и за прв пат обезбеди излез во Европа. 
Успехот и резултатите ја надминаа реалноста на клубот, проектираниот буџет не можеше да се носи со резултатот и клубот не остана на достигнатата висина, иако го задржа имиџот на сериозен клуб каде што секој, па и во Франција јасно утврдените фаворити можеа да настрадаат. 

„Се што има почеток има и крај. Но, секој крај е нов почеток“, напиша денеска Марјан Колев потврдувајќи дека во јуни кога договорот ќе истече тој и Ница тргнуваат по различни патишта. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk