Денеска почнува осмото коло од Лигата на шампионите. Келце ја пречекува Барса, Загреб го пречекува Мешков Брест
Загреб денеска го пречекува Мешков Брест на натпревар на кој Хрватите се надеваат дека ќе ја прекинат серијата на натпревари во ЛШ без победа, серија што трае 22 натпревари.
Ако им појде на избраниците на Ивица Обрван да го совладаат белорускиот тим, тогаш ќе дојдат на само бод позади Вардар, кој пак утре игра дома со ПИК Сегед.
Потоа Загреб ќе гостува во Монпеље, а Вардар во Кил, за конечно, на 12 декември во Скопје прв пат по СЕХА натпреварите летово, да се видат на директен дуел.
Келце минатата недела ја совлада Барса во Блау грана и по шест години и го нанесе првиот пораз. Сега има шанса во една недела да ја совлада двапати, а такво нешто не паметиме кога последен пат се случило.
Барса за оваа средба ќе биде засилена со пикер од Катар, Јусеф Бен Али.
Денеска во ЛШ играат:
18:45 Алборг - Кил
18:45 Келце - Барса
20:45 Монпеље - Елверум
20:45 Загреб - Мешков Брест