Нора Морк има нов клуб, ќе игра во Данска

Некогаш најдобриот десен бек, по 15 години повторно ќе игра во првенството на Данска. 


Некогаш најдобриот светски десен бек, Нора Морк (30), по 15 години повторно ќе игра во првенството на Данска. 
Оваа норвешка ракометарка како 15 годишна тинејџерка потпиша за Алборг од Бекелагет и тоа беше стартот на една богата кариера во која има многу голови, признанија, шампионски титули и операции. 

Сега ја игра втората, последна година од договорот со Кристијансанд, а од следната ќе биде ракометарка на Есбјерг. 
Овој дански клуб ги зголеми своите амбиции и покрај Морк ја носи и Катрин Хејндал, пикерот на руската екипа ЦСКА Москва. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk