Данските аналитичари очекуваат откази од играчи и од репрезентации. Ние, пак, се надеваме на таков епилог.
ИХФ донесе одлука на мундијалот во Шпанија да смеат да играат само целосно вакцинирани ракометарки. Засега нема никаква реакција на ваквата одлука, иако речиси сме сигурни дека ќе мине без никаква реакција.
Данските аналитичари сега се занимаат со таа тема и очекуваат оваа одлука да значи откажување на важни играчи од репрезентациите, па дури и цели тимови, особено од земјите што немаат став и пристап до вакцини каков што на пример има Европа.
ИХФ вели дека има спремни резерви, но засега на ниту еден тим не му е кажано да биде на готовс за да влезе како замена.
Првата замена за овој мундијал е Македонија.
Задолжителната вакцинација е последната шанса Македонија да се појави на СП. Претходно, веќе имавме обезбедено место, но ИХФ, Полска и Кина направија маневар со кој Македонија остана на списокот на резерви, а од никаде таму се појави Кина. По таквиот маневар шансите за играме на СП се сведоа на теорија, но вакцинацијата можеби ќе го смени текот на настаните.