Лазаров: Правиме тим каде секој ќе треба да даде придонес во играта

Македонската репрезентација ги одработе контролните натпреварите со Египет. Олимпискиот полуфиналист кој беше речиси со најсилниот состав и многу помалку ротираше победи на двата натпревари, но Македонија не беше инфериорна. 



Селекторот Кирил Лазаров е задоволен од комплетната акција, јасно не од резултатот, но тоа што беше замислено беше спроведено. Сите ракометари добија шанса, имаа и доби и лоши моменти, но генерално и покрај поразите Македонија изгледаше солидно, а треба да се има предвид и силата и рејтингот на противникот со кој игравме. 

„Комплетно сум задоволен од тоа како ја изработивме ЕХФ неделата. Резултатски не сум задоволен, нормално кога играш секогаш сакаш да победиш, но од друга страна игравме против полуфиналистот од последните ОИ во Токио“, изјави Лазаров.

Истото се однесува и зо ракометарите кои настапија на овие два меча: 

Од дел од играчите сум задоволен, некои потфрлија. Треба да избалансираме, да дојдеме до група од 16 играчи што ќе можат во секој момент да влезат и да придонесат.  Почнавме да правиме смена на генерација и сме на добар пат. Со мене се согласуваат и моите помошници. Не очекува тешко Европско првенство и квалитетни противници. Ќе ни биде потребна и спортска среќа, но неа ќе треба да ја заслужиме со вредна работа и посветеност“, вели Лазаров. 

На македонските репрезентативци станува во следниот месец и пол да влезат во расположение за ЕП, а тоа значи дека нивото на професионализам треба самите да го креираат и подигнат на ниво за настап на ЕП, физичката форма треба да биде на врвно ниво, минутажата треба да ја заработат и таа не смее да биде мала. 

Македонија во јануари во Дебрецен ќе одигра три меча од прелиминарниот дел против селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска. Две селекции од овие четири продолжуваат во главната рунда, две или вкупно 50 % од сите учесници, благодарение на овој лош систем на играње ќе се вратат дома по само три натпревари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk