EГИПЕТ - МАКЕДОНИЈА 31-26 (16-13)
Стрелци за Македонија: Талески 9, Ц. Кузманоски 7, Велковски 4, Ѓоргиев 2, Пешевски 2, Георгиевски 1, Костески 1
Македонската репрезентација, како и на првиот меч, така и во првото полувреме од втората средба, практично сама се победи.
Има за што да жалат македонските ракометари, затоа што речиси 25 минути ја контролираа играта и резултатот, а на одмор заминаа со негатива од три гола.
Египет имаше за подобро отворање и поведе со 6-4, но Македонија израмни на 6-6, потоа поведовме со два гола разлика (9-7) таа дистанца ја одржувавме до 24 минута во која водевме 13-11.
Од 24 минута до крајот на полувремето Македонија не постигна гол, а имавме убави шанси па дури и седмерец, а Египет за тој период постигна пет погодоци и на полувреме се отиде со резултат 16-13 за домашниот тим.
За овој период, како што претпоставуваме Лазаров повеќе комбинираше. Солидна минутажа доби Марко Мишевски, потоа играа Ѓоргиев и Серафимов, Цветан Кузманоски беше постојано во тимот, Ненад Костески исто.
Второто полувреме Египет го почна со најсилната постава, односно со Зеин, Елдера и Јахија на бековската линија, но Македонија намали на 15-17.
Потоа се случи нешто што не смее веќе да се случува. За неполна минута Македонија примми два гола од контра напад, потоа уште еден и Египет веќе беше четири чекори понапред (20-16).
Македонија имаше неколку можности да ја намали оваа дистанца во минутите што следеа, но не одеше од рака, па во последните пет миниути од мечот, кога Парондо побара минута одмор беше истата дистанца (28-24).
Во финишот, Македонија на една и пол минута до крајот, Македонија напаѓаше при резултат 30-26. Лазаров побара тајм аут, но направивме техничка грешка по што Египет погоди за 31-26 и тоа беше конечниот резултат.