Кил ги однесе бодовите од Скопје

ВАРДАР - КИЛ   26-29 (13-10)
Вардар: Томовски, Дибиров 10, Моралес 2, Гаџа 2, Талески 2, Тото 2, О. Њокас 2, Стоилов 2, Кудуз 1, К. Њокас 1, Георгиевски 1, Диало 1, Валчак 1, Чувара 1, Ѓукиќ 1
Кил: Ландин 1, Квинштет, Дувањак 7, Пекелер 6, Рајнкајнд 3, Дамке 2, Зарабец 3, Екберг 6, Хорак 1, Ериг, Вагер, Бенитез



Кил го совлада Вардар во „Јане Сандански“ вечерва (29-26) и ја влоши ситуацијата на македонскиот првак во групата. 
Кил на теренот во Скопје истрча без Сандер Сагосен, Штефан Вајнхолд и Патрик Винцек и згора на тоа тренерот Филип Јиха мечот го почна без стартните крила Магнус Ландин и Никлас Екберг, туку со со резерврите Свен Ериг и Руне Дамке. И уште капак на тоа Мартин Томовски беше феноменален на голот во првиот дел, особено на почетокот на натпреварот.
Но, тоа на крајот беше премалку за Вардар да дојде до победа, иако мечот беше рамноправен и можеше лесно да отиде во правец Вардар да ги освои бодовите. 

Одбраната на Кил и нападот на Вардар беа причината што македонскиот тим не успеа да ги материјализира стартните шест интервенции на Мартин Томовски, па беше само 3-2 по десетина минути игра. 
Потоа се вопостави ритам во кој Вардар имаше повеќе од водството, а на крајот на полувремето имаше и најголема разлика до тој момент од три гола (13-10). 

Но, во вториот дел Кил почна да го засилува ритамот, а и одбраната им беше на ниво повисоко. Тактиката да се игра без голман што ја искористи во еден момент Вујовиќ не го даде посакуваниот ефект, дури и прими Вардар неколку лесни голови. 
Но, пресуди неснаодливоста во нападот, што кога ќе земеме предвид дека е на меч против Кил односно една од најдобро извежбаните зони воопшто и не е срамота. Како минуваше времето Вардар почна и се повеќе индивидуално, Тимур Дибиров беше еден од најдобрите на теренот, но како среден бек не беше вистинско решение за Кил. 
Од друга страна Дувњак покажа зошто со години е на врвот на играта и погодуваше кога најмногу требаше.
И Германците стигнаа до плус четири, па успеаја да се одбранат и цели две минути со два играчи помалку во поле, а кога се комплетираа ставија печат на победата. 

Следниот натпревар на Вардар е на гостински терен против екипата на Пик Сегед. 

foto: rkvardar.mk/Денис Дуковски

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk